Единствена Македонија: Не ни требаат инциденти, ајде утре да излеземе масовно и да ги „утепаме“ во психата оти совеста е најголемата казна за јаничарите


03.02.2023 | 15:18:05 | Соопштенија


Единствена Македонија: Не ни требаат инциденти, ајде утре да излеземе масовно и да ги „утепаме“ во психата оти совеста е најголемата казна за јаничарите

Единствена Македонија повикува на масовно присуство на народот на утрешното одбележување на 151 година од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.

Истовремено, укажуваме дека не ни требаат никакви инциденти со македонските јаничари кои не издржале во историјата туку треба да покажеме достоинствено одбележување на Гоце.

Ајде да излеземе масовно и да ги „утепаме“ јаничарите во мозокот/психата, да имаат грижа на совеста која е најголема казна за нив која ќе ги прати цел живот. Тоа ќе го направиме сако ако видат горди Македонци масовно што ќе биде шокантно за нив бидејќи цел живот ги трујат во Бугарија на антимакедонска основа.

За Единствена Македонија Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец! Гоце еднаш беше предаден за време на животот и во никој случај нема да дозволиме повторно да биде предаден и за време на смртта.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 3 февруари 2023 година