Бачев му пиша на Радев: Оставете го Гоце да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Пендаровски, Ковачевски топтан сосе Заев


31.01.2023 | 16:01:18 | Соопштенија


Бачев му пиша на Радев: Оставете го Гоце да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Пендаровски, Ковачевски топтан сосе Заев

Претседателот на Единствена Македонија денес испрати писмо до претседателот на Бугарија Румен Радев со фер понуда да се остави Гоце Делчев да почива во мир.

Претседателе Радев,

151 година од раѓањето на Гоце Делечев е добар повод да се обратам до Вас и пријателскиот бугарско-татарски народ, со една фер понуда за надминување на недоразбирањето за Делчев.

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, подолго времеводат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, кој, целиот живот го посвети на Македонската револуционерна борба и создавањето на слободна и независна Македонија.

За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите кои се горди на своето татарско потекло, туку од македонски јаничари во Бугаријакои не издржале во историјата и кои длабоко ги оптеретуваат македонско-бугарските односи.

На домашен терен во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на се што е македонско на Бугарија се сегашни и поранешни премиерски и претседателски марионети: Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Зоран Заев коија обезличуваат македонската држава, нација, јазик, историја и бришење на Македонците во Пиринска Македонија.

Затоа, Единствена Македонија, како партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањето со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Зоран Заев ќе и бидат подарени на Бугарија трајно и за навек, а Гоце Делчев може да почива во мир.

Длабоко сум уверен дека Бугарија под вашето лидерство ќе ја прифати понудата. 151 година од раѓањето на Делчев е потсетник за целиот македонски народ дека единствени и сплотени мора да успееме против антимакедонскиот поход на македонските јаничари во Бугарија.

Впрочем, не му било лесно и на Гоце Делчев. Можел Делчев да биде само учител а не идеолог и револуционер и со другите револуционери да си седат дома и да не одат во планините. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Борбата на Гоце Делчев беше создавање на независна македонска држава а нашата борба сега е истата да ја зачуваме пред налетот да се избрише се што е македонско.

Ние сме цврсто решени да истраеме во одбрана на остварениот идеал на Делчев - слободна и независна Македонија. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на еден цел народ.

За Единствена Македонија Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец! Гоце еднаш беше предаден за време на животот и во никој случај нема да дозволиме повторно да биде предаден и за време на смртта.

Со искрена надеж за натамошно успешно развивање на македонско-бугарските односи, длабоко го ценам времето што ќе го употребите за разгледување на оваа фер понуда, со што Гоце Делчев ќе може да почива во мир.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 31 јанаури 2023 година

Нетпрес

Опсервер

4Новости

Народен Глас

Тајм