Гоце Тутески избран за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Прилеп


21.01.2023 | 17:51:00 | Соопштенија


Гоце Тутески избран за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Прилеп

Согласно одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за избор на претседатели во сите општински комитети на партијата со нов мандат од 4 години, денес, сабота, 21 јануари 2023 година, во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Прилеп за претседател на Општинскиот комитет Прилеп е избран д-р Гоце Тутески по професија стоматолог - специјалист по протетика. 

Единствена Македонија е најсилната партија вон блоковите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и последната надеж за Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. Продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. 

Приклучи се на Единствена Македонија и биди на правата страна на историјата.  Непријателите на македонското дело силно ќе бидат изненадени од успехот на Единствена Македонија на следните избори. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот. Продолжуваме, со народот за Македонија!

Приклучи се на Единствена Македонија! 
Единствена Македонија - Цела Македонија!

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Прилеп, сабота, 21 јануари 2023 година