Јакимовски: Дали марионетската власт наседна на ефтиното бугарско сценарио со кафеанската тепачка во Охрид?


24.01.2023 | 14:28:05 | Прес Конференции


Јакимовски: Дали марионетската власт наседна на ефтиното бугарско сценарио со кафеанската тепачка во Охрид?

Прес конференција, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 24 јануари 2023 година

Почитувани,

Деновиве вест број еден во Македонија е тепањето на македонскиот јаничар од Охрид извесен Христијан Пендиков наводно заради тоа што се декларирал за Бугарин.

Овој случај повторно покажа дека марионетите Пендаровски, Ковачевски и Бујар Османи се голем срам за Македонија. Се истрчаа со изјави од кои се добива впечаток дека поводот за тепачката во Охрид била омразата кон Бугарите во Македонија и на тој начин наседнаа на добро познатата финта „нападот е најдобра одбрана“ што ја форсираат македонските јаничари во Софија на чело со тамошниот претседател Румен Радев.

Со тоа целосно е девалвиран и посрамотен и правосудниот систем во Република Македонија, бидејќи, марионетската власт во Скопје заедно со власта во Бугарија веќе пресудија дека причина за тепачката во Охрид е етничката припадност без разлика дали истрагата ќе утврди други околности.

И сето тоа само врз основа на една верзија од јаничарот Пендиков. Се уште ја немаме слушнато и втората страна, односно т.н. тепачи на Пендиков иако првичните информации му даваат сосема друга димензија на настанот.

Имено, веќе излезе информација дека јаничарот Пендиков е осомничено лице за трговија со кокаин за што има кривична пријава од полицијата. Нема објаснување зошто нема притвор за бугарашот Пендиков како дилер на дрога иако во Македонија и за поседување на неколку грама марихуана се одредува притвор.

Исто така, и т.н. тепачи и биле познати на полицијата во Охрид кои биле пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир.

Затоа, скандалозно е што и бугарските и македонските власти не ги испочитуваа МВР и обвинителството и нивните информации за можна нарко-дилерска пресметка.

Бујар Османи ја срами Македонија со одењето во Бугарија и глумење на истражен орган кој на настанот му дава политичка позадина. Наместо да почека истражните органи да ги утврдат причините за кафеанската тепачка во Охрид, заедно со македонските јаничари во власта во Софија, ја замеша политиката.

Оттука, се поставуваат најмалку две прашања, прво, што ќе кажат марионетите Пендаровски, Ковачевски и Османи доколку излезе дека се работи за дилерско-криминална пресметка со криминална позадина и второ, до кога ќе наседнуваме на ефтини бугарски сценарија?

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 24 јануари 2023 година

Опсервер