Единствена Македонија: Наместо да биде протеран, Џамбаски слободно среде Скопје ги негира Македонија и Македонците


15.01.2023 | 13:17:01 | Соопштенија


Единствена Македонија: Наместо да биде протеран, Џамбаски слободно среде Скопје ги негира Македонија и Македонците

Единствена Македонија ја осудува најновата провокација од македонскиот јаничар кој не издржал во историјата, Ангел Џамбаски, кој вчера среде Скопје упати антимакедонски пораки.

Џамбаски отворено праќа пораки за негирање на Македонија и Македонците. На ваквото антимакедонско поведение од Џамбаски, од страна на власта во Скопје - молк.

Со Џамбаски дојде потврдата дека со Македонија управуваат марионети купени и контролирани од странски центар. Сепак, Џамбаски е среќен човек оти доколку вака негира во нормални држави, веднаш би бил протеран.

Македонија во нова народна власт ја гледа единствената надеж. Со новата легална власт времето на марионети станува минато. Доаѓа времето на народни водачи кои ќе работат во интерес на Македонците и државјаните на Република Македонија, а не во интерес на странците.

Затоа, Џамбаски и таквите како него штом стапнат на македонско тло, веднаш ќе бидат исфрлени со забрана за влез во Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 15 јанаури 2022 година