Единствена Македонија: Зошто разузнавачката служба не дејствува против антимакедонските средби во Тирана?


10.01.2023 | 15:09:35 | Соопштенија


Единствена Македонија: Зошто разузнавачката служба не дејствува против антимакедонските средби во Тирана?

Најновата средба на албански партии од Македонија во Тирана со албанскиот премиер за прашања од внатрешните работи во Македонија ја откри и поразителната вистина дека Македонија нема разузнавачка служба во интерес на народот и државата.

Да постетиме, на иста ваква средба во Тирана произлезе т.н. тиранска платформа за понатамошно рекомпонирање на политичкиот систем и редефинирање на уставниот поредок на државата.

Единствена Македонија прашува, зошто разузнавачката служба во државата не презема соодветни оперативно-технички мерки и средства против учесниците на антимакедонските средби во Тирана. Дотолку повеќе, директорот на Агенцијата за разузнавање, кадар на ДУИ, во последното интервју за „365 степени“ изјави дека таргет на Агенцијата биле лица, замислете, само заради тоа што патувале во Москва на политички средби а во Тирана се расправа за работи за рекомпонирање на политичкиоот систем и редефинирање на уставниот поредок на државата што е школски пример за дејствување на една нормалана разузнавачка служба.

Се покажува дека Македонија има служби за следење само на политичките противници како што покажавме со документи со досието „Атлатник“ дека имало масовно следење на противниците на т.н. преспански договор. Ние, граѓаните наивно сме верувале дека Македонија има тајни служби кои ги штитат националните и државните интереси. Па, кој, тогаш ќе ги следи политичките противници во државата?!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 10 јануари 2022 година