Бачев со Божиќна честитка: Света должност е да ги одбраниме библискиот македонски народ и светата македонска земја кои се окупирани од сатаната


06.01.2023 | 16:35:32 | Соопштенија


Бачев со Божиќна честитка: Света должност е да ги одбраниме библискиот македонски народ и светата македонска земја кои се окупирани од сатаната

Честитка по повод Божик, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, петок, 6 јануари 2023 година

-„Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.

Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.

Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божиќ ќе го дочекаме во слободна Македонија и ќе си ја вратиме државата назад.

Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македонските свештеници имаат силна национална должност да ја проповедаат нашата света должност да ги одбраниме библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 6 јануари 2023 година