Единствена Македонија до Ковачевски: За кого се апартмани со лифт во струшкиот затвор и како директорот својот голф го замени со луксузно БМВ?


05.01.2023 | 12:45:11 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: За кого се апартмани со лифт во струшкиот затвор и како директорот својот голф го замени со луксузно БМВ?

Годината што измина во Македонија беше лансирана кованицата “затворскитуризам“ како илустрација на злоупотребата што ја направи осудениот криминалец Сашо Мијалков со промена на живеалиштето од Скопје во Струга за да ја издржува казната во струшкиот затвор кој е од отворен тип и со повеќе привилегии за затворениците.

Сега слушаме дека Мијалков за викедни и празници си оди по дома кога ќе посака со благослов на директорот на струшкиот затвор.

Но, произлезе дека Струга и навистина е град на затворски туризам. Во затворот Струга директорот изгради два апартмани еден до друг за ВИП - затвореници на горниот кат со лифт. Исто така, директорот се поднови и со ново возило, односно, својот стар голф го замени со ново БМВ.

Единствена Македонија го прашува премиерот Ковачевски кој затвореници престојуваат во овие апартмани и според кои критериуми и како директорот се подновил со ново возло во ерата на „затворскиот туризам“. Прашањето заслужува одговор, јавноста има право на одговор, дотолку повеќе, затворските објекти во државата се во надлежност на владата и се финансираат од буџетски народни пари.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 5 јанаури 2022 година