Делегација на Единствена Македонија со Македонци од сите делови на Македонија на велелепна македонска вечер во Беломорска Македонија


25.12.2022 | 23:22:00 | Соопштенија


Делегација на Единствена Македонија со Македонци од сите делови на Македонија на велелепна македонска вечер во Беломорска Македонија

Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев на покана на Македонците од Беломорска Македонија присуствуваше на Централната Македонска вечер во градот Пазар - Ениџе Вардарско, по грчки Јаница, во Беломорска Македонија по повод Божикните празници.

На велелепната македонска забавната вечер голем број Македонци од сите делови на Македонија пееја на македонски, играа на макеоднски, се веселеа на македонски.

Процесот за Македонците е тргнат, храбро, решително и никој повеќе не може да го запре. Светот се менува. Се менува и Европа. Новите геополитички околности се навестуваат, тие доаѓаат и во тие рамки и Македонците ќе го остварат својот интерес.

Да живее Македонскиот народ!    
Да живее Македонија, нашата земја нашата татковина!

Центар за комуникации на Единствена Македонија         
Егејска Македонија, недела/понеделник, 25-26 декември 2022 година