Единствена Македонија: Османи со неовластена изјава за српската војска на Косово ја порази идејата за правна и унитарна Македонија


02.01.2023 | 14:43:20 | Соопштенија


Единствена Македонија: Османи со неовластена изјава за српската војска на Косово ја порази идејата за правна и унитарна Македонија

Марионетскиот министер Бујар Османи во интервју за косовската агенција „Косова прес“ изјави дека Македонија е против враќањето на српската војска на Косово, со што ја порази идејата за Македонија како правна и унитарна држава.

Османи искажа став во име на Република Македонија иако нема такво овластување бидејќи прашањето околу можното враќање на српската војска на Косово е прашање од надлежност на Собранието кое со Декларација со која утврдува политички ставови за важни прашања може да искаже став „за“ или „против“ враќањето на српската војска на Косово.

Со изјавата на Османи се потврди фактичката вистина дека имаме паралелна влада на ДУИ и СДСМ во која министри на ДУИ не фермаат ниту устав ниту закони и настапуваат слободно според свое наоѓање за прашање од искучително значење за државата.

За Единствена Македонија нема дилема. Заедно со народот мора да го дадеме одговорот. Исто така, одговорност за разнебитувањето на Македонија мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 2 јанаури 2023 година