Единствена Македонија до власта: Случајот Онишченко е минорен, кажете на кого дадовте 80.000 државјанства во последните три години


20.12.2022 | 13:24:53 | Соопштенија


Единствена Македонија до власта: Случајот Онишченко е минорен, кажете на кого дадовте 80.000 државјанства во последните три години

Случајот Онишченко и неговото македонско државјанство месец дена ја забавува јавноста. За овој случај изјава во Собранието даде и доскорешниот директор на АНБ, кој, меѓу другото рече дека во изминатите 3 години откако е директор на АНБ биле направени 80.000 безбедносни проверки во контекст на барањата за добивање на македонско државјанство.

Оваа изјава до денешен ден поминува незабележано од медиумите а со тоа од пошироката јавност иако станува збор за издадени 80.000 државјанства за три години.

Затоа, Единствена Македонија укажува дека слулчајот Онишченко кој наменски ја забавува јавноста е минорен во однос на битната работа со издадени фантастични 80.000 државјанстав во последните три години што несвесно во својата изјава го потврди доскорешниот директор на македонската тајна полиција.

80.000 државјанства за три години е исклучително голема бројка, народот, јавноста имаат право да знаат кои се тие лица што добиле македонско државјанство, каква е нивната етничка структура, дали за овие 80.000 лица е запазена процедурата за безбедносна проверка на три нивоа и добивање потпис од десет припадници на АНБ.

Единствена Македонија ветува дека ќе ги преиспита сите овие новодобиени 80.000 државјанства во последните 3 години како и сите државјанста давани претходно со цел јавноста да се запознае со начинот на нивно издавање. И не само тоа. Ветуваме дека сите неосновани државјанства ќе бидат поништени.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 20 декември 2022 година