Јакимовски: Власта не забавува со Онишчеко а го крие во Собранието нашиот предлог закон за државјанство на Македонците од цел свет по автоматизам


18.12.2022 | 12:51:12 | Прес Конференции


Јакимовски: Власта не забавува со Онишчеко а го крие во Собранието нашиот предлог закон за државјанство на Македонците од цел свет по автоматизам

Прес конференција, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 18 декември 2022 година

Почитувани,

Сведоци сме како политички партии од власта и опозицијата, експерти, аналитичари и севкупната јавност, секојдневно се преокупирани со случајот „Онишченко“ и неговото македонско државјанство.

Но, Единствена Македонија со жалење констатира, кај ќе ни беше крајот како држава ако беа така загрижени и со државјанството на Македонците во странство.

Да потсетиме, во 2004 година власта на СДСМ и ДУИ го укина членот од Законот за државјанство кој даваше можност Македонците од цел свет да се стекнуваат со државјанство со исклучителна натурализација, односно, да не се бараат никакви услови, освен основниот, суштинскиот - да се биде Македонец по потекло.

Ова е исклучително битно ако се знае дека надвор од границите на Македонија живеат милиони Македонци, посебно во прекуокеанските и соседните земји.

Во овој контекст, важно е да спомнеме дека при учеството на делегација на Единствена Македонија на 26 октомври на историската богослужба на македонски јазик и во македонска црква во Сботско, Егејска Македонија и на 30 октомври на отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, бевме многу изненадени колку многу наши Македонци од Егејска и Пиринска Македонија сакаат да добијат македонско државјанство по потекло, но законот во Македонија не им го дозволува тоа.

Значи, Македонија се откажа од правото Македонците по потекло од цел свет да добиваат државјанство по автоматизам. Од друга страна, внимавајте добро, Македонија како држава е изложена на потсмев бидејќи дозволува државјанства на Албанци врз основа на сведоци и сметки за струја, вода, телефон.

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните интереси, уште на 16 јули 2021 година во Собранието поднесе Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за државјанство, со цел, Македонците од цел свет да добијат државјанство на својата македонска држава.

Но, до денешен ден, нашиот предлог закон е закочен во собраниските фиоки и никој од 120 - те пратеници нема храброст да го стави на дневен ред. Во Собранието гледаме кавги за се и сешто, а кога станува збор за добивањето на државјанство на нашите сонародници во странство, ниту еден пратеник не смее устата да ја отвори.

Единствена Македонија ветува државајнство по автоматизам за секој Македонец во светот, а во исто време ќе ги преиспитаме сите државјанста од 1991 година, со цел, јавноста да се запознае кои се лицата кои добиле државјанство и со начинот на нивното издавање. Исто така, ветуваме дека сите неосновани државјанства ќе ги поништиме.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 18 декември 2022 година