Единствена Македонија до Ковачевски: Дали Заев доби власт од странците во замена за промена на уставот и бришење на се што е македонско


01.12.2022 | 14:47:26 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: Дали Заев доби власт од странците во замена за промена на уставот и бришење на се што е македонско

Единствена Македонија и македонскиот народ се силно вознемирени од вчерашното своевидно признание на Димитар Ковачевски дека странците поставуваат лица на власт во Македонија во замена за промена на уставот.

На партиска трибина во Куманово Ковачевски со прашањето до опозициската ВМРО-ДПМНЕ дали се спремни за промена на уставот со гаранции од странците за добивање на власт, всушност, несвесно ја кажа поразителната вистина дека Зоран Заев бил поставен на власт од странците со цел промена на уставот во 2019 година со вградување на т.н. преспански договор со кој се бирше името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Конечно паднаа маските. Ковачевски призна дека власта на СДСМ е марионета на странците во походот за рушење на Македонија и Македонците. Единствена Македонија потсетува дека ова претставува национално предавство за кое одговорност мора да има, и ќе има.

Единствена Македонија е во политиката да им служи на Македонците и сите лојални државјани на Република Македонија, а не да работи за интересот на странците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 1 декември 2022 година