Бачев во посета на Швајцарија на промоција на новата книга и средби со Македонците


30.11.2022 | 21:48:22 | Прес Конференции


Бачев во посета на Швајцарија на промоција на новата книга и средби со Македонците

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев придружуван од членот на Извршниот комитет на партијата, Милан Јовчески, во периодот од 25 до 27 ноември остварија посета на Македонците во Швајцарија.

Во рамките на посетата беше промовирана новата книга на претседателот Бачев насловена како „Меѓународно- правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција“ која излезе годинава и беше промовирана во Република Македонија на 17 јуни на четири годишнината од Преспанскиот договор.

Исто така, претседателот Бачев беше гостин на Македонската забавна вечер-игранка на која имаше свое обраќање пред големиот број присутни, а беше остварена посета и на Македонскиот православен храм Св. Наум Охридски“ во Тринген каде имаше средби со членовите на Црковниот одбор.

Општ е впечатокот дека нашинците во Швајцарија се длабоко загрижени од тешката состојба во Републиката која тоне во безаконие, криминал, корупција и најстрашното, со вршењето на национално предавство. Притоа од страна на нашинците беше изразена целосна спремност да се помогне на Републиката и заедно сплотени и единствени да успееме.

Претседателот Бачев истакна дека нашинците во странство мора да бидат вклучени во процесите во Република Македонија, а Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на македонските интереси. Преспанскиот договор со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ мора да биде поништен. Тоа што власта го вели дека договорот е завршена работа заборавете порача Бачев. Договорот е ништовен според меѓународното право, постојат меѓународно-правни основи за неговото поништување и постапка како да се стори тоа. Затоа, било која идна власт во Татковината со национална и патриотска определба може да го поништи договорот.

Светот се менува. Се менува и Европа. Новите геополитички околности се навестуваат и во тие рамки  и ние Македонците ќе ги оствариме нашите македонски интереси. Колку за илустрација, на 25 октомври присуствував на богослужба во Егејска Македонија во македонска црква, на македонски јазик со Македонци од сите делови на Македонија. Продолживме за Пиринска Македонија каде на 30 октомври во Горна Џумаја повторно се собравме Македонци од сите делови на Македонија на отворањето на Македонскиот клуб. Еве вечерва и тука играме и пееме на македонски. Процесот за Македонците е тргнат храбро, решително и ништо повеќе не може да го запре. Да живее Република Македонија, нашата земја, нашата Татковина“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Швајцарија, 25-27 ноември 2022 година