Јакимовски: Раководството на МВР бетер од паразити - со измени на колективниот договор си обезбедија бесплатно јадење и пиење


28.11.2022 | 12:38:04 | Прес Конференции


Јакимовски: Раководството на МВР бетер од паразити - со измени на колективниот договор си обезбедија бесплатно јадење и пиење

Прес конференција. Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 28 ноември 2022 година

Почитувани,

Неколку дена јавноста слуша и гледа како функционери - паразити  од власта на СДСМ земале плати по стотици илјади евра во еден мандат во услови на економска криза.

 

Денес, на конкретен начин ќе ја покажеме и другата страна на оваа ненародна власт, преку неморалноста, алчноста и нечовечноста на паразитското раководство на МВР.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неговиот заменик Назим Буши, државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот за Биротот за јавна безбедност Сашо Тасевски, го допреа дното.

Овие лица, со најтесниот круг вработени во нивните кабинети со промена на колективниот договор си обезбедија бесплатно јадење и пиење во министерскиот ресторант во МВР.

За разлика од нив, десетици илјади вработени во МВР, вклучително и полицајците кои секојдневно на терен се соочуваат со големи опасности, сами од сопствен џеб си ја плаќаат храната во текот на работното време.

Спасовски и раководството во МВР имаат плата од 70 до 90.000 илјади денари а полицајците околу 25.000 денари. Наместо полицајците да добиваат бесплатна храна во текот на работното време, бесплатно јадење и пиење добива врвот на МВР.

Спасовски и раководството на МВР без грам морал продолжува да се луксузира врз грбот на даночните обврзници. На грбот и потта на народот си обезбедуваат бесплатно јадење и пиење. Барем да сработија нешто корисно, бидејќи нивните активности се на антимакедонска основа. Живееме во време кога МВР ги третира Македонците во народ од втор ред во сопствената држава. А што може да се очекува од една марионетска власт која плива во безаконие, криминал, корупција и национално предавство.

Раководството на МВР се врв на паразити меѓу кадрите од СДСМ. Ова лудило, забеганост и неморал мора да запре. Мора да се воспостави системот на чесни и политичари. Единствена Македонија нема да стои на страна и заедно со народот мора да го дадеме одговорот.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 22 ноември 2022 година

Прес 24

Новости

Тајм

Грид