Единствена Македонија до МВР и владата на СДСМ: На кого дадовте 80.000 државјанства во изминатите три години!?


21.11.2022 | 13:13:33 | Соопштенија


Единствена Македонија до МВР и владата на СДСМ: На кого дадовте 80.000 државјанства во изминатите три години!?

Поминаа три дена од опасната изјава на директорот на АНБ после седницата на соодветната собраниската комисија на која реферираше за случајот Онишченко каде меѓу другото рече дека во изминатите 3 години откако е директор на АНБ биле направени дури 80.000 безбедносни проверки во контекст на барањата за добивање на македонско државјанство. Оваа изјава поминува незабележано од медиумите а со тоа од пошироката јавност иако станува збор за издадени 80.000 државјанства за три години.

80.000 државјанства за три години е исклучително голема бројка, народот, јавноста имаат право да знаат кои се тие лица што добиле македонско државјанство, каква е нивната етничка структура, дали за овие 80.000 лица е запазена процедурата за безбедносна проверка на три нивоа и добивање потпис од десет припадници на АНБ.

МВР и владата на СДСМ да дадат одговор пред народот.

Единствена Македонија ветува дека ќе ги преиспита сите овие новодобиени 80.000 државјанства во последните 3 години како и сите државјанста давани претходно со цел јавноста да се запознае со начинот на нивно издавање. И не само тоа. Ветуваме дека сите неосновани државјанства ќе бидат поништени.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 21 ноември 2021 година