Единствена Македонија: Директорот на АНБ се пофали со 80.000 проверки за државјанства за 3 години, МВР да каже на кого се дадени 80.000 државјанства


20.11.2022 | 15:36:54 | Прес Конференции


Единствена Македонија: Директорот на АНБ се пофали со 80.000 проверки за државјанства за 3 години, МВР да каже на кого се дадени 80.000 државјанства

Прес конференција, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 20 ноември 2022 година

Почитувани,

По седницата на собраниската комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност, јавноста ја виде и слушна изјавата на директорот на АНБ во врска со случајот Онишченко и добивањето на македонско државјанство.

Директорот на АНБ ја објаснуваше постапката за добивање на македонско државјанство и притоа истакна дека за секое барање се прават безбедносни проверки на три нивоа и дека пред одоборување на барањето се потребни десет потписи од агенти на македонската тајна полиција.

Но,  директорот на АНБ во својата изјава искажа и една многу битна работа, која, за жал, помина незабележано од медиумите а со тоа од пошироката јавност.

За што се работи?

Директорот на АНБ меѓу другото истакна дека во изминатите 3 години откако е директор на АНБ досега биле направени, внимавајте добро, дури 80.000 безбедносни проверки во контекст на барањата за добивање на македонско државјанство.

Повторувам, 80.000 проверки за лица баратели на македонско државјанство.

Затоа, Единствена Македонија ги прашува МВР и владата на СДСМ:

прво, кои се тие 80.000 лица кои во изминатите 3 години имаат добиено македонско државјанство?

второ, каква е нивната етничка структура?

трето, дали за овие 80.000 лица е запазена процедурата за безбедносна проверка на три нивоа и добивање потпис од десет припадници на АНБ?

Почитувани,

80.000 државјанства за три години е исклучително серизна бројка, народот, јавноста имаат право да знаат кои се тие лица што добиле македонско државјанство. МВР и владата на СДСМ да дадат одговор пред народот.

Единствена Македонија ветува дека ќе ги преиспита сите овие новодобиени 80.000 државјанства во последните 3 години како и сите државјанста давани претходно со цел јавноста да се запознае со начинот на нивно издавање. И не само тоа. Ветуваме дека сите неосновани државјанства ќе ги поништиме - потенцираше Јакимовски.

Благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 20 ноември 2022 година