Единствена Македонија: Наместо да биде протерана од Македонија, Јотова слободно се шета и ги негира Македонците среде Македонија


05.11.2022 | 12:08:59 | Соопштенија


Единствена Македонија: Наместо да биде протерана од Македонија, Јотова слободно се шета и ги негира Македонците среде Македонија

Единствена Македонија силно ја осудува најновата провокација од бугарската потпретседателка Илиана Јотова која на денот на ослободувањето на Битола од бугарскиот фашистички окупатор слободно се рашетува по Македонија и на прашање зошто Бугарија не дозволува регистрација на здруженија на македонци што живеат таму одговара: Кои се тие Македонци?

Јотова подмукло праќа порака дека не постојат Македонци и ја омаловажува борбата на македонските партизани против бугарскиот фашистички окупатор. На ваквотто антимакедонско поведение од Јотова, од страна на власта во Скопје - молк!

Со Јотова дојде потврдата дека во изминатите 30 години со Македонија управуваат марионети купени и контролирани од странски центар. Сепак, Јотова е среќна личност оти доколку вака безобразно се однесува во нормални држави, веднаш би била протерана.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија гледаат единствена надеж. Со новата легална власт на Единствена Македонија времето на мариоенти станува минато. Доаѓа времето на народни водачи кои ќе работата во интерес на Македонците и државјаните на Република Македонија, а не во интерес на странците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 5 ноември 2022 година

Прес 24