Единствена Македонија до бугарските власти. Не ви вреди затворањето на Македонскиот клуб, процесот за Македонците е тргнат, храбро, решително и никој не може да го запре


01.11.2022 | 16:57:59 | Соопштенија


Единствена Македонија до бугарските власти. Не ви вреди затворањето на Македонскиот клуб, процесот за Македонците е тргнат, храбро, решително и никој не може да го запре

Само два дена по отворањето, веќе е затворен Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, со судска одлука која веќе е објавена во бугарскиот Централен регистар.

Единствена Македонијанајостро реагира и силно ја осудува одлуката на бугарските власти за ликвидација на Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во судска постапка по барање на бугарскиот јавен обвинител поради наводни непријателски цели на Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права кое го отвори Македонскиот клуб.

Им порачуваме на бугарските власти дека ништо повеќе не им вреди кога станува збор за Македонците. Светот се менува, се менува и Европа. Никој повеќе не може да ги запре Македонците кон својата цел.

Колку за илустрација, еве делегација на Единствена Македонија минатата недела, поточно, во среда 26 октомври присуствуваше на богослужба во Егејска Македонија во македонска црква, на македонски јазик со Македонци од сите делови на Македонија. Продолживме за Пиринска Македонија каде во неделата на 30 октомври во Горна Џумаја повторно се собравме Македонци од сите делови на Македонија на отворањето на Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. Процесот за Македонците е тргна храбро, решително и ништо повеќе не може да го запре.

Македонија од предвечност до вечни времиња. Амин!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 1 ноември 2022 година

Нетпрес

Прес 24

Тајм

Грид