Единствена Македонија до СДСМ: Како Србија има природен гас дури и за извоз а Македонија нема кога и двете држави немаат резерви на гас


24.10.2022 | 11:53:09 | Соопштенија


Единствена Македонија до СДСМ: Како Србија има природен гас дури и за извоз а Македонија нема кога и двете држави немаат резерви на гас

СДСМ денес се пофали дека нејзината влада и премиерот Ковачевски со државнички политики обезбедиле доволно енергенси за Македонија за претстојната зима со увоз од Србија.

Но, Единствена Македонија ја прашува марионетската влада предводена од СДСМ како е можно Србија да има доволно количество на гас и енергенси дури и за извоз а Македонија нема, во услови кога и двете држави немаат резерви на гас.

Одговорт е во македонската погрешна надворешна политика која претставува целосно промашување а кое нешто граѓаните скапо го плаќаат од буџетот со набавката на енергенси од втора рака преку Србија.

Патем, покрај на надворешен план, Македонија доживува целосен пораз и на внатрешните политики, бидејќи државата плива во беззаконите, непотизам, криминал, корупција и национално предавство.

Во целата лоша работа, добро е што се гледа крајот на марионетската власт. Доаѓа ново време, време на народна власт. Мора да има одговорнсот, и ќе има за секој кој работи против македонскиот народ и македонската држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 24 Октомври 2022 година