Единствена Македонија до Ковачевски: Платен си како премиер да реагираш а не да апелираш


09.10.2022 | 14:34:54 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: Платен си како премиер да реагираш а не да апелираш

Марионетската власт во Скопје продолжува да манифестира отсуство на институционален капацитет за справување со активностите на антимакедонска основа.

Јавноста е сведок како власта не успева да се справи со антимакедонските активности со отворањето на бугарски клубови со спорни историски имиња кои го негираат македонскиот народ, јазик, историја и култура.

Димитар Ковачевски во својство на премиер изјави дека го осудува и апелира да не се прават провокации со отворањето на бугарски клубови во Македонија со имиња на спорни историски личности. Но, Единствена Македонија го потсетува Ковачевски дека не е платен со буџетски пари да осудува и апелира, туку, во својство на премиер треба да реагира и преку надлежните владини органи да ги забрани и санкционира активностите на антимакедонска основа кои се преземаат на територијата на Република Македонија.

Во целата лоша работа, добро е што се гледа крајот на марионетската власт. Доаѓа ново време, време на народна власт. Мора да има одговорнсот, и ќе има за секој кој работи против македонскиот народ и македонската држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 9 октомври 2022 година