Бачев: МВР и Спасовски вчера пак излажаа дека се работи на атентатот, акцијата „Автомобил“ е укината и Глигоров го доби документот за тоа


04.10.2022 | 12:37:11 | Соопштенија


Бачев: МВР и Спасовски вчера пак излажаа дека се работи на атентатот, акцијата „Автомобил“  е укината и Глигоров го доби документот за тоа

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 4 октомври 2022

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод 27 годишнината од обидот за атентат врз поранешниот македонски претседател се обрати до јавноста:

-„Вчера.3-ти октомвриповторно беше уште едно потсетување, дека пред 27 години е извршен обид за атентат врз Киро Глигоров. Вчера од МВРповторно слушавме лага дека и натаму се води постапка против непознат сторител.

Меѓутоа, на многу конкретен начин, ќе и покажам на јавноста дека кажаното од марионетскиот министер Оливер Спасовски дека се работи на атентатот е голема лага.

Имено, постои интерен документ-телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичката полиција во кој се вели, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција Автомобил во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина„ - завршен цитат.

Единствена Македонија го има овој документ. Овој документ своевремено во својство на претседател на Единствена Македонија лично му го предадов и на Глигоров кој го гледаше со неверување. Значи, Штабот на Оперативната акција „Автомобил„ се укинува.

Да појаснам, по атентатот е заведена оперативна акција со кодно имеАвтомбил, во која требало да се слеваат сите сознанија и податоци од значење за овој немил настан. Меѓутоа, Штабот и оперативната акција Автомобил не постојат повеќе.Атентатот врз Глигоров повеќе не е предмет на систематско и организирано работење на МВР. Или со други зборови кажано, атентаторите сега можат само случајно да се откријат, бидејќи според овој документ се е оставено на случајноста. После овој сканадолозен документ, со кој се укинува Штабот и оперативната акцијаАвтомобил, суштинско прашање кое ја интересира јавноста е:

Зошто и понатаму се лаже народот дека се работи на откривање на атентаторот врз Глигоров, кога Штабот и ОА Автомобил се укинати?

Зошто МВР го лажеше и самиот Глигород до неговата смрт дека се работи на атентатот, наместо отворено да му кажеа дека токму заради неработењето, истрагата никогаш не била блиска ниту до мотивите, ниту до извршителите? 

Јавноста чека одговор на прашањето - Кој ги укинал Штабот и оперативната акција Автомобил? 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 4 октомври 2022 година