Единствена Македонија: Власта го губи компасот, наместо постапка за отстранување на Ковачевски најави гонење на откривачите на неговата неспособност


20.09.2022 | 13:34:08 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта го губи компасот, наместо постапка за отстранување на Ковачевски најави гонење на откривачите на неговата неспособност

Единствена Македонија е крајно изненадена од најавата дека се отвора постапка за пронаоѓање на лицата кои на социјалните мрежи објавија документ за трајната неспособност на марионетскиот премиер Ковачевски.

Дури, јавноста слушна дека документот бил прогласен за строго доверлив како врвна државна тајна иако останува нејасно што е тука доверливо.

Со ваквиот чекор станува појасно дека власта го губи компасот. Ќе ги бараат објавувачите на документот за трајната неспосбност на Ковачевски наместо да започне постапка за отстранување на Ковачевски поради неможност за вршење на премиерска функција и утврдена негова трајна неспособност.

И од СДСМ да е, е премногу. Ова лудило мора да престане. Државата не смее да остане во рацете на неспособен премиер утврдено од најрелевантно место - соодветна лекраска комисија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 20 септември 2022 година