Единствена Македонија: Пендаровски вели дека нема бугаризација со бугарскиот договор, тогаш што е членот 11 со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија


17.09.2022 | 13:49:21 | Соопштенија


Единствена Македонија: Пендаровски вели дека нема бугаризација со бугарскиот договор, тогаш што е членот 11 со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија

Единствена Македонија изразува силна загриженост од менталното однесување на Стево Пендаровски кој не може да препознае очевидни факти за негирањето на Македонците од страна на Бугарија.

Пендаровски во денешната изјава ги обвинува Македонците кои зборуваат за бугаризација дека имаат слаба национална самодоверба и дека со договор не може да се негираат Македонците.

Но, реалноста е сосема поинаква. Со договорот со Бугарија се бришат Македонците во Бугарија. Во овој контекст, Единствена Македонија го прашува Пендаровски, доколку со македонско-бугарскиот договор нема негација на Македонците, тогаш, што значи одредбата од точката 5 од членот 11 од Договорот со кој марионетската влада во Скопје се откажа од Македонците во Пиринска Македонија?

Центар за комуникација на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 17 септември 2020 година