Единствена Македонија го исправа Ковачевски: народот сака избори


01.09.2022 | 13:39:50 | Соопштенија


Единствена Македонија го исправа Ковачевски: народот сака избори

Единствена Македонија реагира на денешното интервју на Димитар Ковачевски за „Политика“ во кое вели: „граѓаните едноставно не сакаат избори“.

Веруваме дека се работи за ненамерна грешка на Ковачевски во денешното интервју и притоа сакаме да го информираме Ковачевски дека граѓаните сакаат избори веднаш од најмалку три причини, прво, не сакаат влада која не ја ужива довербата на народот, второ, не сакаат влада со која државата плива во беззаконие, криминал, корупција, непотизам и трето, не сакаат влада која врши национално злосторство врз македонскиот народ со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и откажување од Македонците во Пиринска и Егејска Македонија, односно, бришење на се што е македонско.  

Со еден збор, народот не сака влада која доживеа целосен дебакл на своите политики на внатрешен и надворешен план.

Со оглед на тоа што македонскиот народ и државјаните на Република Македонија во поголем дел сакаат избори, го повикуваме Ковачевски да се охрабри и да излезе на изборно соочување веднаш, на кое народот ќе одлучи за правецот по кој ќе се движи Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 1 септември 2022 година

Прес 24