Честитка од Бачев по повод Успение на Пресвета Богородица: Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност


28.08.2022 | 15:14:35 | Соопштенија


Честитка од Бачев по повод Успение на Пресвета Богородица:  Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност

Честитка, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, 28 август 2022 година

- „Во мое лично име и во име на Единствена Македонија, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица, со искрена желба празникот да го минат во добро здравје и радост исполнети со љубов и со хармонија.

Покрај желбата за добро здравје и радост, дозволете ми да посакам љубовта кон блиските и татковината да бидат водилка низ животот.

Денес татковината преживува најтешки моменти од кога било досега и затоа ние имаме света должност да си ја вратиме државата назад.

Да ја продолжиме битката сплотени и единствени за нашата земја, нашата татковина, во која, денеска, во доминантно македонска и православна Македонија ние Македонците станавме странци и граѓани од втор ред.

Посакувам во овие тешки мигови за татковината да имате добро здравје иако чуствувате голема болка поради несигурната егзистенција, грабежот, безаконието криминалот и корупцијата што ви ги дава власта.

Посакувам да бидете на првата линија во одбрана на националните интереси, во битката за поништување на капитулантските и предавнички антимакедонски договори, Република Македонија национална држава на македонскиот народ со гарантирани права на малцинствата според меѓународното право, службен јазик македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, грижа за иселениците од Македонија и за положбата и правата на македонскиот народ во соседните земји, Македонија унитарна држава со само една државна власт на нејзината територија.

Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови да се бориме и за Македонија. Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност!

Нека е честит и за многу години празникот. Да ни е вечна Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 28н август 2022 година

Прес 24

Тајм

Грид