Единствена Македонија до Ковачевски: За кого се изградија два апартмани на горниот кат со лифт во струшкиот затвор?


23.08.2022 | 15:28:15 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: За кого се изградија два апартмани на горниот кат со лифт во струшкиот затвор?

Министерот за правда пред извесно време ја лансираше кованицата “затворскитуризам“ како илустрација на злоупотребата што ја направи осудениот криминалец Сашо Мијалков со промена на живеалиштето од Скопје во Струга за да ја издржува казната во струшкиот затвор кој е од отворен тип и со повеќе привилегии за затворениците.

Но, произлезе дека Струга и навистина е град на затворски туризам. Во затворот Струга деновиве е завршена изградбата на два апартмани еден до друг за ВИП - затвореници на горниот кат со лифт.

Единствена Македонија го прашува премиерот Ковачевски кој затвореници ќе престојуваат во овие апартмани и според кои критериуми. Прашањето заслужува одговор и јавноста има право на одговор, дотолку повеќе, затворските објекти во државата се во надлежност на владата и се финансираат од буџетски народни пари.

Ја користиме приликата да ги повикаме медиумите во државата да направат репортажа со посета на затворот во Струга.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 23 август 2022 година

Прес 24

Независен

Македонски весник

Тајм

Грид