Единствена Македонија: Згрозени и шокирани сме од терористичкиот акт во кој загина ќерката на Александар Дугин


21.08.2022 | 14:49:58 | Соопштенија


Единствена Македонија: Згрозени и шокирани сме од терористичкиот акт во кој загина ќерката на Александар Дугин

Единствена Македонија изразува шокиранот и згрозеност од синоќешниот терористички напад во Москва во кој загина 30 годишната Дарја Дугина, ќерка на рускиот филозоф Александар Дугин. Во автомобилот кој експлодира од поставена бомба требало да биде и самиот Дугин, но, во последен момент влегол во друг автомобил, па, постои сомнеж дека всушност тој бил цел на нападот.

Трагедијата се случила после одржаното предавање на Дугин на фестивалот „Традиција“ каде почесен гостин била и неговата ќерка Дарја, политички аналитичар на Меѓународното евроазиско движење, на чие чело е нејзиниот татко.

Александар Дугин е голем пријател на Македонија кој лично во Скопје на народната трибина во организација на Единствена Македонија ја изрази својата подршка во одбрана на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Единствена Македонија изразува убеденост дека руските истражни органи ќе ги откријат инспираторите, организаторите и извршителите на овој терористички акт.

Единствена Македонија изразува најдлабоко сочуство до семејството!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 21 август 2022 година

Фактор

Инфомакс

Тинк

Грид

Тајм