Единствена Македонија: Денес е тажен ден, на 13 август 2001 Македонија престана да биде држава и стана збирштина на заедници


13.08.2022 | 11:40:27 | Соопштенија


Единствена Македонија: Денес е тажен ден, на 13 август 2001 Македонија престана да биде држава и стана збирштина на заедници

Денешниот 13 август е тажен ден за Македонија. На денешен ден во 2001 година со потпишувањето на капитулантскиот рамковен договор Македонија престана да биде реална држава и стана збирштина на заедници од кои само Македонците останаа без своја национална држава за разлика од останатите заедници кои имаат свои матични држави

Марионетската власт во Скопје му придава нереално историско значење на т.н. рамковниот договор. Но, јавноста е сведок дека за годишнината кај народот владее молк во земјата за овој настан. Во Македонија нема народно чествување и веселби на 13 август, денот, кој од властите се означува како историски.

Вистината е поинаква. Што се слави со рамковниот договор кога Македонија престана да биде држава како сите нормални држави кои базираат на концептот на национални држави со гарантирана положба на малцинските права според меѓународното право.

Рамковниот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест и оттука сите македонски патриотски и национални сили имаат света должност да се залагаат за негово поништување и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиот народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за нашиот народ и држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 13 август 2022 година