Единствена Македонија: Зошто марионетата Пендаровски во последен момент го сруши нашиот прокол со химната и знамето за АСНОМ во Прохор Пчињски?


11.08.2022 | 13:56:04 | Соопштенија


Единствена Македонија: Зошто марионетата Пендаровски во последен момент го сруши нашиот прокол со химната и знамето за АСНОМ во Прохор Пчињски?

Како што  е познато, Единствена Македонија на 2 август ја обвнови прекинатата традиција на прослава на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчињски“. Настанот беше најавен во македонската јавност на десет дена пред Илинден. Познато е дека на само два дена пред Илинден и Стево Пендаровски соопшти дека ќе оди во манастирот „Прохор Пчињски“.

По повод денешното најново бламирање на Пендаровски околу тргнувањето на спомен плочата во манастирот и неговото смешно правдање дека истата била од времен карактер, сакаме да ја известиме јавност за неколку непознати факти.

Единствена Македонија во врска со настанот ја оствари потребната комуникација со Патријархот српски г. Порфирије, Епископот врањски г. Пахомије и МВР Србија - Полициска управа Врање. Во овој контекст, според протоколот на Единствена Македонија при положувањето на цвеќе од страна на претседателот Бачев со стотината присутни сопартијци требаше да стојат српското и македонското знаме (16 кракото сонце) и соодветно озвучување за интонирање на српската и македонската химна.

Но, на два дена пред Илинден, по изненадната најава од Пендаровски дека доаѓа во Прохор Пчињски, бил променет нашиот протокол по барање од кабинетот на Пендаровски. За жал, како што виде јавноста, Пендаровски воден од лични интереси и лажен патриотизам по секоја цена да биде виден во „Прохор Пчињски“ прифати дури во својство на претседател да положи цвеќе само под српското знаме и без македонското знаме и без македонската химна што е голем срам и рушење на достоинството на Република Македонија.

Заради променетиот протокол поради антимакедонското поведение на Пендаровски за оневозможувањето на прославата на АСНОМ од Единствена Македонија на прав начин, од страна на претседателот Бачев и стотината сопартијци беше изведена македонскат химна само вокално при положувањето на цвеќе а кое нешто се гледа на видеото поделено за јавноста.

Најавуваме дополнително информирање за јавноста  и за лагата на Пендаровски дека од поодамна имал комуникација со Неговата Светост г. Порфиорије за доаѓањето во „Прохор Пчињски“ а сето тоа во функција на засенувањето на прославата во организација на Единствена Македонија.

Како и да е, Единствена Македонија го оствари ветеното и за 2 август Македонците се вратија на местото на историјата.

Кратко видео од прославата и поздравниот говор на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев:

-„Браќа Македонци и сестри Македонки, еве не повторно во манастирот „Прохор Пчињски“, да го прославиме АСНОМ. Од мое лично име и од име на Единствена Македонија, на македонскиот народ и државјаните на Македонија им го честитам големиот празник Илинден и АСНОМ.

Ние во Единствена Македонија годинава го покренавме овој настан, но, за жал како што видовте марионетскиот претседател Пендаровски сакаше да го засени со своето присуство денес тука во манастирот „Прохор Пчињски“.

Ние како Македонсци се заветуваме од ова место дека никогаш нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаше нема да го смениме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Тука на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Историски датум кога е поставен темелот на современата македонска државност.

Илинден 1903 се нашите очи, АСНОМ 1944 се нашите уши, македонскиот народ и македонската држава се нашиот ум.

Од ова место и препорачувам на марионетската власт во Скопје која  е инсталирана и купена од странски центар, со цел да избрише се што е македонско, да и порачам дека на крај Македонија ќе победи.

Нема да дозволиме да го избришат светото македонско име, идентитетот, нацијата, јазикот и културата македонска која опстојува повеќе од два ипол милениуми.

Ја користам приликата да изразам благодарност до Патријархот српски г. Порфирије и Епископот врањски г. Пахомије за прифаќање на нашето барање да се отворат манастирските порти да го прославиме АСНОМ на прав начин.

Тука на ова свето место и во овој историски момент го гледаме, слушаме и разбираме нашето минато и разбираме што е нашата цел. Ние како Единствена Македонија секогаш ќе бидеме на страната на македонскиот народ.

Радувај се Македонијо. Ние Македонците денес сме повторно на местото на историјата. Се вративме таму каде е нашето место како Македонци.

Нека е честит и и вечен АСНОМ. Да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во изјавата од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во манастирот „Прохор Пчињски“ по повод АСНОМ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 11 вагуст 2022 година