Делегација на Единствена Македонија положи цвеќе кај Карпалак


08.08.2022 | 12:56:49 | Соопштенија


Делегација на Единствена Македонија положи цвеќе кај Карпалак

Денес, 8 август е уште едно потсетување дека пред 21 година од заседа беа убиени десет македонски бранители кај Карпалак од страна на албанските терористи.

По тој повод, делегација на Единствена Македонија положи цвеќе кај Карпалак.

21 година ниту една власт не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на бранителите кај Карпалак. Марионетските власти ги заборавија.

Но,  Крапалак не смее да се заборави бидејќи има докази дека можело да се спречи.

Единствена Македонија никогаш нема да заборави и до крај ќе се залага најпосле да се дојде до официјален одговор, како, од кого и зошто бранителите беа пратени во заседа и мораа да загинат.

Загинаа за одбрана на Македонија - Вечна им слава на загинатите бранители: Нане Наумоски (48) Сашо Китаноски (39) Бранко Секулоски (42) Горан Миноски (29) Марко Деспотоски (27) Ердован Шабаноски (20) Љубе Грујоски (31) Дарко Велјаноски (27) Веби Рушитоски (26) Пеце Секулоски (29), кои ги положија животите за Македонија кај Карпалак на 8 август 2001 година.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 08 август 2022 година