Единствена Македонија: 21 година се крие вистината за Карпалак, бараме храбар пратеник да побара расправа во Собранието


07.08.2022 | 13:40:13 | Соопштенија


Единствена Македонија: 21 година се крие вистината за Карпалак, бараме храбар пратеник да побара расправа во Собранието

Во пресрет на утрешното одбележување на 21 година од Карпалак, Единствена Македонија повикува најпосле да се каже вистината. Карпалак и натаму останува мистерија, бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Карпалак.

Во Службата за државна безбедност постојат два оперативни документи од кој се гледа дека злостроството кај Карпалак можело да се избегне, доколку некој не пропуштил да преземе одредени службени дејствија што бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот. Сознанија имаше, а ништо не се презеде?!

Единствена Македонија повикува било кој од 120 - те пратеници како овластен предлагач според Уставот и Деловникот на Собранието, на собраниска седница да побара расправа за испитувањето на Карпалак а ние како партија спремни сме да учествуваме во расправата со презентирањето на битните податоци за Карпалак.

Единствена Македонија верува дека ќе се најде пратеник во македонскиот парламент со силна национална и патриотска определба кој ќе иницира расправа за Карпалак каде македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Случајот Карпалак е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите туку и за Македонија. Не можеме да гледаме напред во иднината доколку минатото и понатаму не прогонува и контроверзната загуба на бранителите останува неразјасната.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 07 август 2022 година

Прес 24