Единствена Македонија: За војната во 2001 отиде половина Телеком, а власта го подарува на Украина истото оружје кое го купивме од Украина


04.08.2022 | 14:15:05 | Соопштенија


Единствена Македонија: За војната во 2001 отиде половина Телеком, а власта го подарува на Украина истото оружје кое го купивме од Украина

Единствена Македонија изразува шокираност од одлуката на марионетската влада во Скопје за подарување оружје на Украина од најмалку две причини:

Прво, ова е истото оружје кое Македонија го купи токму од Украина во војната во 2001 против албанските терористи. Македонија во 2001 година потроши половина од сумата што ја доби од продажбата на Телеком за 800 милиони тогашни германски марки или 400 милиони марки се потрошија во 2001 за воени потреби. Со невидена леснотија владата сега го подарува оружјето - тенкови, хеликоптери, авиони.. кое во 2001 година го купувавме од Украина. Надвор од секоја човечка логика е да го подаруваш оружјето на субјектот од кого претходно си го купувал.

Второ, Македонија со подарувањето на оружје на Украина продолжува со тешките провокации спрема Русија. Ова е преседан во меѓународните односи, како една држава самата си работи против сопствените интереси. Марионетската влада во Скопје не може да разбере дека со лигавење не се води политика и дека полтроните секој ги посакува, но никој не ги цени.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 4 август 2022 година

Прес 24