Бачев: Радувај се Македонијо, се вративме да прославуваме АСНОМ во Прохор Пчињски каде е нашето место како Македонци


03.08.2022 | 15:21:02 | Прес Конференции


Бачев: Радувај се Македонијо, се вративме да прославуваме АСНОМ во Прохор Пчињски каде е нашето место како Македонци

Како што е познато во јавноста Единствена Македонија уште пред десет дена најави дека ја обновува прекинатата традиција за прослава на АСНОМ во  манастирот„Прохор Пчињски“ откако ја остваривме потребната комуникација со Патријархот српски г. Порфирије, Епископот врањски г. Пахомије и МВР Србија - Полициска управа Врање.

Но, на два дена пред АСНОМ, се јави и марионетата Пендаровски кој дојде во „Прохор Пчињски“ притоа лажејќи ја јавноста дека од поодамна имал комуникација со Неговата Светост г. Порфиорије за што дополнително ќе ја информираме јавноста а сето тоа најверојанто со цел да ја засени прославата организирана од Единствена Македонија.

Како и да е, Единствена Македонија го оствари најавеното и вчера Македонците се вратија на местото на историјата. Во поздравниот говор претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече:

-„Браќа Македонци и сестри Македонки, еве не повторно во манастирот „Прохор Пчињски“, да го прославиме АСНОМ. Од мое лично име и од име на Единствена Македонија, на македонскиот народ и државјаните на Македонија им го честитам големиот празник Илинден и АСНОМ.

Ние во Единствена Македонија годинава го покренавме овој настан, но, за жал како што видовте марионетскиот претседател Пендаровски сакаше да го засени со своето присуство денес тука во манастирот „Прохор Пчињски“.

Ние како Македонсци се заветуваме од ова место дека никогаш нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаше нема да го смениме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Тука на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Историски датум кога е поставен темелот на современата македонска државност.

Илинден 1903 се нашите очи, АСНОМ 1944 се нашите уши, македонскиот народ и македонската држава се нашиот ум.

Од ова место и препорачувам на марионетската власт во Скопје која  е инсталирана и купена од странски центар, со цел да избрише се што е македонско, да и порачам дека на крај Македонија ќе победи.

Нема да дозволиме да го избришат светото македонско име, идентитетот, нацијата, јазикот и културата македонска која опстојува повеќе од два ипол милениуми.

Ја користам приликата да изразам благодарност до Патријархот српски г. Порфирије и Епископот врањски г. Пахомије за прифаќање на нашето барање да се отворат манастирските порти да го прославиме АСНОМ на прав начин.

Тука на ова свето место и во овој историски момент го гледаме, слушаме и разбираме нашето минато и разбираме што е нашата цел. Ние како Единствена Македонија секогаш ќе бидеме на страната на македонскиот народ. Радувај се Македонијо. Ние Македонците денес сме повторно на местото на историјата. Се вративме таму каде е нашето место како Македонци.

Нека е честит и и вековит АСНОМ!
Да ни е вечна Република Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Манастир „Прохор Пчињски“, вторник, 2 август 2022 година