Единствена Македонија: Пендаровски да каже со име и презиме кој и од каде 30 години зема странски пари - од Русија или од Сорос и ЦИА


30.07.2022 | 13:18:39 | Соопштенија


Единствена Македонија: Пендаровски да каже со име и презиме кој и од каде 30 години зема странски пари - од Русија или од Сорос и ЦИА

Марионетата Пендаровски мора да е во очај штом пак ја врти старата приказна во стилот на здодевен агитатор да ги прогласува за руски шпиони оние кои не размислуваат како власта и нејзините странскигазди. Во најновото интервју Пендаровски изјави дека некои политичлки партии во земјата се финансираат со пари од Москва, а истакна и дека Русија се меша во нашите внатрешни работи.

Да потсетиме, власта и за време на преспанскиоот договор ја ширеше истата наменска приказна за наводни руски пари и руски инсталации во Македонија и на крај излезе едно големно ништо. Се покажа дека лажните приказни за наводното руско мешање биле со цел дефокусирање на јавноста во очајната подршка за НАТО-интеграциите што се покажа на референдумот од 30 септември 2018 кога народот јасно и порача на власта што мисли за Договорот со Грција и членството во НАТО и ЕУ.

Сега и ова најнова лага на Пендаровски е со цел дефокусирање на јавноста од предавничката политика на власта во врска со најновиот француски документ со кој македонската нација, јазик, историја се подарува на Бугарија.

Лагите на марионетската Пендаровски и неговите странски газди повеќе не поминуваат. Затоа, Единствена Македонија во име на вистината го повикува Пендаровски да каже со име и презиме кој и од каде 30 години зема пари од странство - од Русија или од Сорос и ЦИА.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 30 јули 2022 година

Прес 24