Единствена Македонија: По 30 години се враќаме на изворното место, на 2 Август организираме прослава на АСНОМ во Прохор Пчињски


23.07.2022 | 12:44:25 | Соопштенија


Единствена Македонија: По 30 години се враќаме на изворното место, на 2 Август организираме прослава на АСНОМ во Прохор Пчињски

Единствена Македонија ја информира јавноста дека ја обновува традицијата на прослава на големиот национален празник АСНОМ во манастирот „Прохор Пчињски“.

Како што  е познато, пред триесет години во виорот на крвавиот распад на поранешна Југославија се случија немили настани и во „Прохор Пчињски“ спрема Македонците кои дојдоа во манастирот да го прослават АСНОМ.

Единствена Македонија на 2 Авуст организира прослава на АСНОМ во „Прохор Пчињски“ каде се одржа Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Историски датум на кој се поставени темелите на македонската државност.

На 2 Август македонскиот народ се враќа на местото од извонредно значење каде се донесени важни одлуки за македонскиот народ и македонската држва. Обновата на децениската традиција на прослава на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчињски“ прекината во деведесетите години на минатиот век има големо значење.

Единствена Македонија во духот на својата декларација за прогласување на партијата за историски наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана и заштита на македонските национални и државни интереси.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 23 јули 2022 година