Единствена Македонија: Власта ја порази идејата за правна држава во случајот со осудениот криминалец Мијалков


22.07.2022 | 13:43:53 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта ја порази идејата за правна држава во случајот со осудениот криминалец Мијалков

Сашо Мијалков е очигледен пример за пораз на идејата за правна држава. Мијалков од позиција на власт украде стотина милиони евра и со еден дел од тие пари си ја купи слободата кај обвинителството, а еден дел од милионите му остануваат нечепнати.

Притоа, никој од надлежните органи не се заинтересира да испита како Мијалков заработил милиони евра со десетгодишна директорска плата од околу 1.000 евра.

Дополнително, осудениот криминалец Мијалков менува адреса на живеење во Охрид за да ја одлежи договорената казна во отвореното затворско одделение во Струга. Во тој затвор може да се користат поволности, преку ден е слободен и може да се сонча по плажите на Охридското езеро, а се враќа само за преспивање, користи годишен одмор, викенди...

Со ваквото однесување излегуваат на површина двојните аршини на овластените државни органи спрема криминалците во државата. Законите не важат исто за сите. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои прават дискриминација, па, станувало збор и за криминалците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 22 јули 2022 година

Прес 24