Единствена Македонија до Ковачевски: Европските лидери го поздравија и Договорот во Букурешт 1913, а знаеме како помина Македонија


19.07.2022 | 13:56:03 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: Европските лидери го поздравија и Договорот во Букурешт 1913, а знаеме како помина Македонија

На Димитар Ковачевски устата денес во Брисел е полна со фалби и радост дека сите европски лидери во Брисел му честитале за усвојувањето на т.н. француски документ за бугаризацијата на Македонците.

Единствена Македонија го постестува Ковачевски дека и во 1913 година во Букурешт тогашните европски лидери го поздравија договорот, но, знаеме како помина Македонија со тој договор - распарчена меѓу Бугарија, Грција и Србија.

Денес во Брисел ни се повтори историјата со Букурешт 1913 година. Марионетската влада во Скопје се согласи за подарување на македонската нација, јази, историја на Бугарија во замена за обично ветување дека во некоја иднина од 20-30 години ќе станеме членка на ЕУ а прашање е дали до тогаш ЕУ ќе опстои.

Единствена Македонија се заветува пред македонскиот народ дека никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 19 јули 2022 година