Единствена Македонија: Референдум во овој момент е голем ризик - еве зошто


18.07.2022 | 11:29:52 | Соопштенија


Единствена Македонија: Референдум во овој момент е голем ризик - еве зошто

Јавноста слушна за иницијативи за организирање референдум во врска со македонско-бугарскиот спор со кои се врши бугаризација на Македонците. Единствена Македонија смета дека референдум во овој момент организиран од марионетската влада во Скопје е голем ризик да биде неуспешен од следните причини:

Не  е спорно дека Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Но, во таков случај многу е веројатно дека марионетската влада на СДСМ и ДУИ ќе повика на бојкот со што реални се шансите референдумот да не успее.

За успешен референдум треба да излезат повеќе од половината од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список. Со бројки, од 1. 814.263 запишани гласачи, на референдумот треба да излезат најмалку 907.131 гласачи. Во успови на бојкот од власта, оваа бројка е тешко да се достигне бидејќи уште од сега е јасно дека околу 450.000 припадници на малцинствата (Албанци, Турци, Бошњаци, Власи, Роми...) ќе го прифатат повикот за бојкот и нема да излезат. Дополнително, со агитирање, закани и уцени од владата на СДСМ спрема членството, симаптизерите, администрацијата, приматели на социјална помош...реално е да се спречат да излезат повеќе од половината запишани во избирачкиот список и референдумот да биде неуспешен.

Затоа, Единствена Македонија во моментот повикува на стрпливост во борбата против антимакедонското поведение на марионетската власт. Сега треба цврсто да се опстои на определбата за неменување на уставот за што е потребно двотретинско мнозинство кое власта го нема, а предуслов е сите опозициски пратениции да не потклекнат на евентуален поткуп, уцени и закани од власта. По преземањето на власта од опозицијата на следните избори кога и да се одржат, да се распише референдум од позиција на власт и гласачите без уцени и закани слободно да ја изразат својата волја.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 18 јули 2022 година