Единствена Македонија до Османи: Прашањето за Македонците не е прашање за немакедонци, на една партија и една влада


17.07.2022 | 12:25:53 | Соопштенија


Единствена Македонија до Османи: Прашањето за Македонците не е прашање за немакедонци, на една партија и една влада

По денешната постета на Софија излезе информацијата денес Бујар Османи потпишал некаков Протокол кој го крие од македонскиот народ а се однесува на националниот карактер на Македонците.

Јавноста е сведок дека марионетската власт во изминатиот период со секоја своја изјава, со секоја своја посета на Софија се повеќе ги распродава македонските национални интереси.

Засега останува тајна содржината на новиот протокол со Бугарија, но, го потсетуваме и предупредуваме Бујар Османи дека за Македонците не може да одлучуваат немакедонци и дека треба да прекине опасната авантура за подарување на македонската нација, јазик, историја на Бугарија, бидејќи нема мандат за распродажба на националните интереси.

Прашањето за Македонија и Македонците не е прашање на една партија, на една влада а уште помалку на немакедонци.

Новата народна власт која доаѓа, таа се навестува ќе ги поништи антимакедонските договори,  а одговорност за националното предавство мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 17 јули 2022 година

Нетпрес