Извршен комитет на Единствена Македонија: Не го признаваме францускиот документ, одговорност за предавството мора да има


15.07.2022 | 13:00:27 | Соопштенија


Извршен комитет на Единствена Македонија: Не го признаваме францускиот документ, одговорност за предавството мора да има

Актуелната седница на Собранието е со предвидлив исход. Собранието со мнозинство пратеници ќе усвои заклучоци за прифаќање на францускиот документ. Прашање е сега, што понатаму?

Извршниот Комитет на Единствена Македонија на синоќешната седница донесе заклучок за непризнавање на францускиот документ и заклучоците кои ќе произлезат од собраниската расправа по повод овој документ. А што може да се очекува од една партија како Единствена Македонија која во основа се бори за одбрана и заштита на националните и државните интереси.

Францускиот документ и потпишувањето на протоколите со Бугарија кои ќе следат, во основа се сведуваат на подарување на македонската нација, јазик, историја на татарска Бугарија. Ова е класично национално злосторство врз македонската држава и македонскиот народ.

Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

За националното предавство на марионестката власт во Скопје одговорност мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 15 јули 2022 година

Прес 24