Единствена Македонија до Пендаровски: Кампања на дезинформации во Македонија има, ама од власта и странските ментори, а не од Русија


10.07.2022 | 13:34:36 | Соопштенија


Единствена Македонија до Пендаровски: Кампања на дезинформации во Македонија има, ама од власта и странските ментори, а не од Русија

Во интервју за грчки Етнос Стево Пендаровски вели дека  Македонија се соочува со серизона кампања на дезинформации продуцирана од Русија, исто како по Преспанскиот договор.

Единствена Македонија со жалење констатира дека Пендаровски го губи компасот и ги испомешал работите. Пендаровски зборува за погрешна адреса, бидејќи дезинформации не доаѓаат од Русија туку од марионетската влада во Скопје која шири дезинформации дека не преговара со Бугарија за идентитетски прашања а се уште крие документи (протоколи) во кои се согласила Бугарија да ја ревидира македонската нација, јазик и историја. Патем, Русија никогаш не го довела во прашање името и идентитетот на македонскиот народ.

Исто така, и во однос Преспанскиот договор немаше никакви дезинформации од Русија туку македонскиот народ и државјаните на Република Македонија на референдумот на 30 септември 2018 година и кажаа на марионетската власт во Скопје што мислат за Преспанскиот договор.

Со оглед на овие неспорни факти оставаме на секој нормален човек да изгради лично убедување во однос на тоа кој продуцира дезинформации во Македонија - Русија или марионетската власт во Скопје во спрега со своите странски ментори.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 10 јули 2022 година