Единствена Македонија: Дали Ахмети преку Османи сугерира оган во Македонија доколку не се прифати францускиот документ


07.07.2022 | 14:52:34 | Соопштенија


Единствена Македонија: Дали Ахмети преку Османи сугерира оган во Македонија доколку не се прифати францускиот документ

Заканата на „портпаролот“ на Али Ахмети, Бујар Османи за меѓуетнички тензии доколку не се прифати францускиот документ, сугерира оган во Македонија. Потврда за ова дојде синоќа кога инструирани радикални Албанци ја нападнаа колоната луѓе кај „Мавровка“ каде активен подржувач на протестите е и Единствена Македонија.

Единствена Македонија го предупредува Али Ахмети да не си игра со оган, затоа што овојпат ќе се изгори, бидејќи Македонците се при крај со своето трпение од нивните секојдневни првокации на антимакедонска основа.

Единствена Македонија најсикрено им порачува на сограѓаните-Албанци да не помислуваат на нови тензии, бидејќи овојпат нема да си имаат работа со некое предавничко македонско раководство од 2001 година, туку ќе се соочат со македонскиот народ.

Но, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

Единствена Македонија никогаш нема да ги предаде Македонија и Македонците и за таа цел ќе ги поништиме сите антимакедонски и антидржавни договори со кои се рушат македонската држава и македонскиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 07 јули 2022 година

4 News

Прес 24

Македонски весник

Тајм