Единствена Македонија: Народот синоќа кажа НЕ на бугаризацијата, ако власта има грам морал да распише избори, во спротивно ќе се случи народ


03.07.2022 | 14:24:08 | Соопштенија


Единствена Македонија: Народот синоќа кажа НЕ на бугаризацијата, ако власта има грам морал да распише избори, во спротивно ќе се случи народ

Власта доколку има грам морал, совест и одговорност, денеска после нивните состаноци веднаш да побараат распишување на нови избори после синоќешната порака од македонскиот народ на големиот народен протест дека не прифаќа бугаризација.

Марионетската власт во Скопје и нејзините политики се поразени на внатрешен и надворешен план. На домашен план владее безаконие, корупција, криминал и бесмилосно богатење од позиција на власт и врз грбот на народот.

На надворешен план веќе е јасно дека марионетската влада се согласува на бугарските услови за бришење на македонската нација, јазик, историја и култура во замена за датум за преговори за членство во ЕУ со што владата на СДСМ доживеа целосен дебакл на своите политики на надворешен план наспроти волјата на народот кој не го прифаќа националното предавство на марионетската власт во Скопје.

Доколку власта остане глува на барањето за избори, Единствена Македонија како една од партиите што го подржа Семакедонскиот протест заедно со македонскиот народ ќе истрае во секојдневните протести до конечно паѓање на оваа ненародна власт која не ја ужива довербата од народот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 3 јули 2022 година