Единствена Македонија: Зошто собраниското обезбедување кое сто отсто е со Албанци само немо гледаше наместо да го изнесе Адеми од салата


28.06.2022 | 12:19:48 | Соопштенија


Единствена Македонија: Зошто собраниското обезбедување кое сто отсто е со Албанци само немо гледаше наместо да го изнесе Адеми од салата

Единствена Македонија најостро го осудува дивеењето на Арбр Адеми спрема пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на собраниската Комисија за европски прашања.

Но, за Единствена Македонија индикативо и опасно е однесувањето на собраниското обезбедување кое цело време само немо го посматраше настанот иако во старт требаше да го изнесе Адеми од салата како што налагаат безбедносните протоколи за дејствување во вакви ситуации.

Единствена Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија очекуваат одговор и одговорност за ваквото однесување собраниското обезбедување кое сто отсто е составено од Албанци. Во спротивно, се повторува старата практика прописите да важат за Македонците, но не и за Албанците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 28 јуни 2022 година