Единствена Македонија и статутарно се ребрендираше, ја усвои црвената боја како боја на партијата


26.06.2022 | 18:18:52 | Соопштенија


Единствена Македонија и статутарно се ребрендираше, ја усвои црвената боја како боја на партијата

Централниот комитет на Единствена Македонија донесе одлука со која Единствена Македонија ја впишува црвената боја, како своја боја, бојата на македонските востаници, илинденци и партизани, на победата, на десницата, бојата на издржливоста, бојата на вечната македонска борба за слобода.

Новиот лик на Единствена Македонија не се случи преку ноќ - заедно, напорно работевме сите наши членови во годините наназад и успеавме да ја етаблираме Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на македонските интереси и успеавме. Одлуката е всушност операционализација на одлуката на Централниот комитет од декември 2019 за прогласување на Единствена Македонија за наследник на историското ВМРО, ИЛИНДЕН и АСНОМ.

Денес, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија ја имаат само Единствена Македонија со силна национална и патриотска определба која секогаш е на првата линија во одбрана на македонските национални и државни интереси.

Тоа е нашиот бренд. Цврста, моќна, национална и патриотска Единствена Македонија, партија која никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 26 јуни 2022 година

МИА

Вечер прес

Грид

Тајм