Единствена Македонија: Владата на СДСМ и ДУИ со години покажува непознавање на преговарачките тактики во спорот со Бугарија


25.06.2022 | 16:34:18 | Соопштенија


Единствена Македонија: Владата на СДСМ и ДУИ со години покажува непознавање на преговарачките тактики во спорот со Бугарија

Марионетската влада на СДСМ и ДУИ да каже за каква Државна стратегија зборува Бујар Османи кога вели дека имаме Државна стратегија во спорот со Бугарија, а тоа е стратегијата на молк. Ваквото однесување на Османи претставува срам за државата која би требало да ја претставува.

Вистината е поинаква. Владата на СДСМ и ДУИ нема никаква стратегија за националните интереси, а Единствена Македонија со години предупредува дека владата покажува и целосно непознавање на преговарачките тактитки со Бугарија.

Владата на СДСМ и ДУИ со години применува тактика на екстремна кооперативност наспроти тактиката на Бугарија на екстремно отворање одејќи на варијанта колку предметот на преговори е поекстремен толку пооизгледно е на крајот да се добие како компромис тоа што се посакува. Потврдата за ова дојде вчера со објавата од еврокомесарот Вархеи дека сите бугарски барање се прифатени во Брисел.

Наводното „НЕ“ од владата на СДСМ и ДУИ на францускиот документ е  задоцнето и требаше да се случи во 2017 со склучувањето на Договорот со Бугарија со силно „НЕ“ дека за нацијата, јазикот, историјата не може да се преговара. Штом овие прашања еднаш се стават на маса нужно се наметнува компромисот, а што може да биде компромис за прашања од националниот карактер на Македонците.

Единствена Македонија уште еднаш ја предупредува марионетската влада на СДСМ и ДУИ дека не поседува политички легитимитет за обезличување на Македонците и ќе има комплетна одговорност за сето ова што го прави да има договор во интерес на Бугарија, а на голема штета на Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Макеоднија
Скопје, сабота, 25 јуни 2022 година