Единствена Македонија до владата: Прашањето за Македонците не е прашање на една влада туку на македонскиот народ, покажете го т.н. француски документ


22.06.2022 | 12:15:15 | Соопштенија


Единствена Македонија до владата: Прашањето за Македонците не е прашање на една влада туку на македонскиот народ, покажете го т.н.  француски документ

Единствена Македонија ја повикува владата на СДСМ и ДУИ да го покаже т.н. француски документ за бугарско-македонскиот спор кој експресно беше прифатен од бугарска страна.

Македонскиот народ има право да знае за што се преговара зад сцената и што договара марионетската влада во Скопје. Затоа, повикуваме на обелоденување на францускиот документ и македонскиот народ да види што точно содржи.

Единствена Македонија ја потсетува владата на СДСМ и ДУИ дека прашањето за Македонците не е прашање на една партија или на една влада, туку на македонскиот народ.

На повидок е ново национално предавство налик на капитулантскиот договор со Грција. Единствена Македонија ја предупредува владата на СДСМ и ДУИ дека за национално предавство одговорност мора да има, и ќе има.

Единствена Македонија го реафирмира својот став дека е најдобро владата на СДСМ и ДУИ да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход спрема македонскиот народ да одговори со повлекување од Договорот со Бугарија, мораториум на преговорите за датум за членство во ЕУ до следните парламентарни избори на кои народот ќе одлучи за правецот по кој ќе се движи Македoнија.

Единствена Македонија како одговорна партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 22 јуни 2022 година