Единствена Македонија до Ковачевски по францускиот предлог: Ајде на избори и народот нека одлучи за иднината на Македонија


20.06.2022 | 13:39:06 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски по францускиот предлог: Ајде на избори и народот нека одлучи за иднината на Македонија

Марионетската влада на СДСМ и ДУИ доживеа целосен дебакл на своите политики на надворешен план по т.н. француски предлог за решение на македонско-бугарски спор.

Веќе е јасно дека Македонија мора да ги прифати бугарските услови за бришење на македонската нација, јазик, историја и култура во замена за датум за преговори за членство во ЕУ.

Марионетската влада на СДСМ и ДУИ продолжува со обезличување на македонскиот народ наспроти волјата на народот кој не го прифаќа националното предавство.

Исто така, сведоци сме на целосен дебакл и на внатрешен план земајќи предвид дека владата на СДСМ и ДУИ плива во беззаконие, криминал, корупција и национално предавство.

После силниот шамар со т.н. француски предлог за владата на СДСМ и ДУИ, Единствена Македонија го повикува Димитар Ковачевски да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход спрема македонскиот народ да одговори со повлекување од Договорот со Бугарија, мораториум на преговорите за датум за членство во ЕУ до следните парламентарни избори на кои народот ќе одлучи за правецот по кој ќе се движи Македoнија.

Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 20 јуни 2022 година

Прес 24