Единствена Македонија: Антикорупциска да ја испита партиската средба на СДСМ на државна сметка, во спротивно бараме и нашите партиски средби да ги држиме во владата


19.06.2022 | 16:21:31 | Соопштенија


Единствена Македонија: Антикорупциска да ја испита партиската средба на СДСМ на државна сметка, во спротивно бараме и нашите партиски средби да ги држиме во владата

Денес цела Македонија виде како Димитар Ковачевски врши злоупотреба на државни ресусри за партиски состаноци на СДСМ со коалициските партнери.

Ковачевски спротивно на законот си одржа партиска средба во владата како државна институција и уште беа служени и со пијалоци од вработени лица во владиното државно бифе  за потребите на партиски состанок на СДСМ.

Денес Ковачевски владата ја претвори во партиско седиште на СДСМ. Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го испита овој скандал со противзаконско одржување на партиски средби на државна сметка.

Во спротивно, и Единствена Македонија ќе побара свои партиски средби да ги одржува во просториите на владата земајќи предвид дека владините простории се државни простории и тие кои колку се на СДСМ толку се и на Единствена Македонија и целиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 19 јуни 2022 година